Изгаснат е пожарот во „Глобал“, направена е огромна штета

Од:

По неколкучасовна битка со огнената стихија, пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што го зафати трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Пожарот беше изгснат рано утрово. На одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици.

Огнот се појави во еден од дуќаните на приземјето, а потоа многу брзо се ширеше. Зафати повеќе дуќани во трговскиот центар како и неговата внатрешност каде што се сместени тезгите од зелениот пазар. Направена е голема материјална штета.

Од тоа што може да се забележи на местото на пожарот, изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Пожарот што избувна нешто по 23 часот ги ангажира струмичките пожарникари, јавното комунално претпријатие, но и противпожарни екипи од неколку други градови.

Повредени нема, а во текот на вечерта едно лице побарало помош од Итната медицинска служба, но не се работи за повреди добиени во пожарот.

„Во овој момент се обидуваме да се спаси она што може да се спаси. Јас верувам дека среќа е што нема човечки жртви, но ќе има голема материјална штета. Службите во наредниот период ќе можат да анализираат што била причината за овој пожар“, изјави струмичкиот градоначалник Коста Јаневски, кој беше присутен за време на гаснењето на пожарот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он