Списанието „Авто мотор и спорт“ во своето последно издание ги објави резултатите од тестот на издржливост на моделот „Опел Астра Спортс Тоурер ЦДТИ“.
Во написот што го опишува тестирањето, авторот наведува: „Кога е во прашање сигурноста, автомобилот со леснотија мина 100.000 километри, самоуверено пробивајќи се кон врвот во својата класа кога е во прашање индексот на дефекти, лесно освојувајќи го првото место“.
Уредниците од Штутгарт на 21 април 2011 година го превзеле компактниот караван и со него минале точно 104.800 километри во тест возења. Во текот на овој период, 2.0-литарската дизел Астра во гаража влегувала само заради редовно оддржување.
Уредништвото има најголем рејтинг кога се во прашање сите тестови на изддржливост.
Во компактната класа, „Опел Астра Спортс Тоурер“ сега е на врвот, пред „Голф“, „Мерцедес А класа„ и „Тојота Приус“.
„Опел“ беше единствениот автомобил кому не му биле потребни непредвидени посети на сервис во текот на долготрајните тестирања.
Наспроти него, второпласираниот автомобил три пати морал да оди на поправка.
Со индекс на дефект 2, „Астра Спортс Тоурер“ воедно оствари и втор најдобар резултат на сите времиња меѓу сите автомобили што ги тестирал „Авто мотор и спорт“.
Тестот на изддржливост пригодно е насловен „Опел, најдоврлив“.