Невообичаено студеното време што ја зафати престолнината на Јужна Африка, Кејптаун, предизвика за прв пат по многу години да падна снег на почетокот на јуни.
Според локалните медиуми, минатата ноќ снег и град ги покрија крајбрежните булевари на Кејптаун, а крај брегот на одделни места се појавил и мраз.
Во планините се формира забележлива снежна покривка, а температурата падна на нулата.
Властите на возачите им препорачаа, ако се во можност, да не минуваат преку превоите.
Како резултат на невообичаената за Кејптаун временска состојба разурнати се над 500 станови во околината на Кејптаун, а повеќе од 2 000 лица останале без засолниште.
Градоначланикот Патриша де Нил во мегаполисот прогласи вонредна состојба.