Околу 900 мигранти во БиХ Новата година ќе ја дочекаат на ливада

Од:

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска побара од властите во Унско-санскиот кантон да дозволат повторно отворање на поранешниот прифатен центар во Бихаќ во кој повремено би се сместиле мигрантите од кампот Липа, што беше затворен минатата недела.

Властите во Унско-санскиот кантон одбиваат враќање на мигрантите од Липа во Бихаќ и бараат тие привремено да се сместат во прифатниот центар Салковац во Херцеговина или во Делијаш во близина на Сараево се додека Липа не се опреми со контејнери и овозможи безбедни услови.

Меѓународните хуманитарни организации вчера ги повика властите во БиХ да реагираат бидејќи најмалку 900 мигранти од кампот во село Липа се оставени на ливада бидејќи не е реализиран планот за привремено сместување во херцеговачкото место Брадина. Доаѓањето на мигрантите беше попречено од жителите на Брадина.

Меѓународните организации за миграција и хуманитарните организации ги повикаа властите на БиХ да преземат мерки согласно меѓународното и националното право во рамките на човековите права.

Мигрантскиот камп во Липа минатат недела беше зафатен од пожар во кој изгоре целата инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ