Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека утре, во шест часот ќе го отвори за комерцијален сообраќај гасоводот „Балкански поток“.
-Имам неколку важни вести за луѓето. Утре, во 6 часот наутро, ќе го отвориме нашиот гасовод за комерцијален сообраќај за Србија, цената на гасот за нашата земја ќе биде 155 долари максимум, плус од 12 до 14 долари за транспорт. Многу пониска цена, многу поволна, а во исто време преку такси ќе добиеме она што ќе се искористи за отплата на кредитите, изјави Вучиќ.
Тој побара од граѓаните на Србија да почнат да го користат гасот, бидејќи на тој начин се добива почист воздух, како и поевтино гориво за граѓаните.
– Им реков на Американците дека Србија е заинтересирана за одличен квалитет и цена на гасот и дека не можат да ни нудат по 600 американски долари, изјави Вучиќ.
Вучиќ кажа дека мора да се изгради секундарна гасоводна мрежа во сите осум општини во источна Србија.