Тлото не мирува во Петриња, нови потреси утрово, пристигнаа првите мобилни куќи

Од:

Ниту оваа ноќ не мина мирно за жителите на Петриња и околината. По еден часот по полноќ областа ја зафатија серија нови потреси. Регистрирани се најмалку четири, а најсилниот околу 30 минути по четири часот со магнитуда од 3,8 по Рихтер.

За разлика од вчера наутро овие потреси се нешто послаби. Слична ситуација се очекува и во текот на наредните денови и седмици предупредуваат сеизмолозите.

Вчера попладне беше објавен податок дека во 58 часа, средишниот дел од Хрватска го погодиле 66 потреси.

Дел од жителите на погоденото подрачје веќе втора вечера минуваат на отворено. Голем дел од нив спијат во автомобилите.

„Повермено ги палиме автомобилите. Со мене се мојот внук и една сосетка кој живее сама. Тука сме и го чекаме привременото сместување. Куќата ни е урната. Се надеваме на помошта од добрите луѓе“ – сведочат жителите на Петриња за хрватските медиуми.

Во текот на утринските часови во градот пристигнаа и првите 20 мобилни куќи во кои ќе бидат сместени луѓето чии домови беа урнати во земјотресот од вторникот.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ