Еурофарм Пелистер му го продолжи договорот на Мандалиниќ

Од:

Битолскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година.

– На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во перфектна согласност дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22. Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар, соопшти Еурофарм Пелистер.

Дваесет и осумгодишниот хрватски интернационалец играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2020 година, а претходно ги носеше дресовите на Загреб, Карловац и Сплит. Со хрватската репрезентација има бронза од Светското првенство во Шпанија во 2013 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска