Концерт на „Танец“ во Виена

Од:

Националниот македонски ансамбл „Танец“ гостуваше во Виена по повод 20- годишнината од основањето на МПЦ „Св. Наум Охридски“ и Македонското културно друштво.

На концерот, кој е прво претставување на „Танец“ во Виена, присуствуваа амбасадори, почесни конзули, црковни великодостојници и пратеници од австрискиот Парламент.

Јапонскиот амбасадорот, Шигео Иватани по концертот посочи дека ова мора да го види и Токио.

– Јапонските танци се вообичаено тажни, а кај вас има и тага, но и радост, шеги и веселост, рече тој.

Покрај концертот, по повод јубилејот организирана беше и манифестација во просториите на Македонската култура заедница, на која присутните ги поздрави македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов, а за настанокот на Друштвото говореше  Димче Лазовски, претседател на МКЗ и МПЦ.

Пред почетокот на манифестацијата се оддржа свечена литургија на која чиноначалствуваше г Пимен, митрополит на Европската епархија, кој даде висока оценка за развојот на МПЦ „Св. Наум Охридски“.

Би можело да ве интересира

Спектакл на “Танец” во Подгорица по повод “Денот на независноста”

Ансамблот Танец в четврток заминува на балканска турнеја

Анамблот Танец на македонските летни сцени како дел од чествувањето на 75-годишнината

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

Традиционален новогодишен концерт на „Танец“

Ана Ололовска