Талибанците денеска нападнаа два контролни пункта во источниот дел на Авганистан, при што загинаа четворица полицајци, а четворица се повредени.
Портпаролот на локалната управа во провинцијата Нуристан, Мохамад Захир Баханд изјави дека борите почнале во текот на ноќта и во судирот меѓу исламистите и полицијата загинале 13 екстремисти.
Цел на нападите на талибанците се почесто се владини објекти ширум Авганистан.