Водостојот на Преспанското Езеро е намален за еден сантиметар во однос на вчера и е за 1,52 метри понизок од повеќегодишниот просек за декември со што за 50 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Понизок од просечниот е и водостојот на Охридското Езеро и тоа за 23 сантиметри и е еден сантиметар под дозволениот минимум, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,64 метри повисоко од просекот.
Пониски од просечните за овој период од годината се и водостоите на речиси сите реки во земјава и кај најголем дел од нив денешното ниво е пониско од вчерашното. Исклучок е реката Пчиња каде водостојот е повисок од просечниот и на двете мерни места.