Австрија повторно бара затворање на нуклеарната централа Кршко

Од:

Силниот земјотрес што вчера ја погоди Хрватска е повод за австриските политичари да побараат затворање на нуклеарната централа Кршко во Словенија.

– Централата постои од 1981 година и е проектирана да работи најмногу 40 години. Поради тоа мора најдоцна до 2023 година да биде затворена. не смееме да гледаме со скрстени раце продолжување на работата, изјви секретарката за екологија на австриската покраина Штаерска, Урсула Лајнер

Таа наведе дека вчерашниот силен земјотрес уште еднаш покажал дека Кршко треба да се затвори.

И покрај бројните разговори и барања на Австрија, Словенија не сака да ја исклучи Кршко.

– Бевме сведоци на страшни слики од Чернобил, но и од Фукушима. Затое се надеваме дека ќе бидат одговорни во соседна Словенија и ќе се откажат од намерата за продолжување на работата на Кршко.

По вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, Кршко беше превентивно исклучена. Директорот на Кршко, Стане Рожман синоќа изјави дека не се утврдени никакви оштетувањеа на словенечката нуклеарна централа Кршко и нема никакво влијание врз околината.

Тој најави дека Кршко набрзо ќе почне нормално да работи, истакнувајќи оти е изградена да биде отпорна на многу посилни земјотреси. Безбедноста на Кршко е дополнително зајакната по несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година, а во случај евентуален потрес да ја загрози работата на словенечката нуклеарка таа би можела рачно или автоматски да се исклучи во рок од неколку секунди.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген