Во Вухан со Ковид-19 беа заразени речиси половина милион жители

Од:

Според истражувањето на кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) во Вухан со новиот коронавирус биле заразени околу 500.000 луѓе, што е речиси десетпати повеќе од официјалната бројка.

За врерме на студијата научниците анализирале 34.000 жители на Вухан, првичниот епицентар на пандемијата, како и од другите градови во провинцијата Хубаеј, Пекинг, Шангај и проинцијата Гуангдондг, Џангсу, Сечуан и Лиаонинг за да ја проценат стапката на зараза во тие области.

Тие откриле дека стапката на преваленција на антитела на Ковид-19 кај 4,43 отсто од граѓаните на Вухан, град со 11 милиони жители. Досега во градот официјално се потврдени 50.354 случаи на инфекција со Ковид-19, но серолошките тестови покажуваат дека имало приближно 500.000 заразени луѓе.

Сите случаи на инфекцијата во Вухан не се регистрирани поради хаосот за време на врвот на инфекцијата, а и дел поради невозможноста да се забележат асимптоматските случаи.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски