Фаучи: По Нова година може да биде полошо, се надевам на помалку од 800.000 новозаразени на ден

Од:

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД во јануари може да го надмине бројот од декември, предупреди денеска водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи, изразувајќи надеж дека САД нема да имаат 800.000 заразени на ден.

Фаучи рече дека Американците не ги слушале експертите да не патуваат за време на празниците, што ќе има последици.

– Кога ќе се најдат голем број луѓе на вечера во затворени простории, каде слабо се проветрува, тогаш ќе навлегувате во проблем. Ќе имаме драстично зголемување на бројот на заразени, што може да го направи јануари полош отколку декември, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

Тој одби да претпостави колкави ќе бидат бројките во јануари, но рече дека може само да претпостави дека ќе биде уште полошо.

– Се наоѓаме меѓу 100.000 и 200.000 заразени на ден. Имаше денови кога надминавме и 200.000. Само се надевам дека нема да дојдеме во ситуација кога ќе гледаме и по 800 000 новозаразени на ден, додаде Фаучи.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката