Донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје

Од:

Пред утрешниот празник на Светите Константин и Елена собрани сме денеска за заеднички да ветиме дека ќе го изградиме истоимениот храм во централното подрачје на главниот град на нашата држава. Тоа е прилика да покажеме и да докажеме дека знаеме да го цениме своето и дека самите можеме да бидеме ктитори и градители на својата свештена, црковна и национална историја.

Ова го порача поглаварот на Македонската православна црква Охридкса архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на втората донаторска конференција за изградба на храмот „Св. Константин и Елена“ во Скопје.

Црквата посветена на царот Константин и на неговата мајка Елена, која била изградена во 1927 година со помош на добродетели, била симбол на Скопје и во неа се до земјотресот од 26 јули 1963 година кога била разурната се вршеле сите крштевки и венчавки.

– Во животот на секој човек различни нешта заземаат централно место. За некого тоа е семејството, за други работата, за трети државата, за некои богатството. Во животот на православните христијани, пак, централно место зазема и треба секогаш да зазема храмот – домот Божји. Тоа е просторот на нашето опстојување, на нашата егзистенција, на нашиот идентитет, на нашата култура и јазик, рече г.г. Стефан.

Тој посочи дека храмовите низ историјата секогаш биле поставувани на централното место во населените области и околу нив секогаш се одвивале најзначајните и најглавните  верски и општествени настани.

– Впрочем такво место имал и некогашниот храм на Светите Константин и Елена на дел од сегашниот Градски трговски центар во Скопје, а и новата локација веруваме дека ги задоволува тие критериуми, порача г.г. Стефан.

Храмот, порача, останува паметник за времето во кое е изграден за идните генерации да ја слават и да и се воодушевуваат на верата и љубовта на своите предци, а секој камен во новоизградениот храм и секоја тула ќе го изговора името на секој ктитор знаен и незнаен.

Додаде дека многупати досега нашиот народ покажал дека немањето слобода и доволно средства не го спречило да создаде велелепни цркви и манастири.

– Денеска Господ не дарил со секаква предност и технолошка и техничка и образовна ни недостига само верата  дека создаваме и помагаме нешто што е за нашиот Бог кој не љуби и се грижи за нас на секој чекор и во секој миг од нашиот живот. Дека создаваме за својата Црква која многупати досега, но и за секогаш  не чува онакви какви што сме и го запазува тоа што е наша своина и наш идентитет, штое нанашите  татковци и прадедовци, дека градиме за себе и за нашите потомци, истакна г.г. Стефан.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на донаторската конференција, рече дека човечкиот род од секогаш во својата душа ја чувствувал блискоста со Бога и чувствувал потреба своите чувства да ги изразува преку разговор со Бога и молитва во црквите и божјите храмови.

– Токму затоа низ многуте изминати векови, на сите страни од светот се изградени илјадници домови Божји. Чудесен е фактот што во Македонија нашиот народ изградил многу храмови и тоа најчесто во времиња кога бил под тешко ропство, немал никакви права и живеел во голема сиромаштија… Денеска многу нешта се променети, живееме во слободна, демократска и независна држава и затоа ми е драго што уште еднаш се собравме да ја поддржиме иницијативата и да дадеме поддршка за доградба на новата црква „Свети Константин и Елена, порача Груевски.

Тој ги повика присутните министри, пратеници, директори, претставници на стопанските комори и бизнисмени да помогнат за да продолжи, како што рече, убавата градителска традиција во Македонија и заедно да ја изградат црквата „Свети Константин и Елена“.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите