Сеизмолошка служба на Хрватска: Можни се нови потреси

Од:

Шефицата на Сеизмолошката служба на Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можноста од нови земјотреси во наредните часови и денови во областа Петриња и Сисак.

Првиот земјотрес се случи во 6:28 часот, со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, проследен со два малку послаби, кои беа со изнтензитет со 4,7 и 4,1 степени

Земјотресите во Петриња и Сисак ги почувствуваа и граѓаните на Запрешиќ, Бјеловар, Вировитица, Копривница, Огулин, Риека и други градови.

– Ако магнитудата беше пет, тогаш можноста за последователни земјотреси е многу веројатна, рече Иванчиќ.

Со неа се согласува и сеизмологот Маријан Херак од Геофизичкиот отсек на ПМФ во Загреб. Во изјава за ХРТ тој рече дека денешниот потрес дефинитивно не е дел од истата серија како оној загрепскиот од 22 март, туку станува збор за друго епицентрално подрачје и нагласи дека сигурно ќе има уште потреси во тоа подрачје.

Два часа по првиот земјотрес, што утрово ги погоди Петриња и Сисак, со јачина од пет степени, граѓаните се уште беа на улиците поради стравување од нов потрес.

Во селото Брест Покупски, со околу двесте жители, речиси и да нема куќа што не е оштетена, пишува загрепски „Јутарњи лист“. Покривите на некои куќи се распукаа, а покривот на локалната месна заедница е сериозно оштетен.

Лустери, искршени кујни и испукани sидови е глетката во многу куќи.Весникот пишува дека центарот на Петриња претрпел значителни штети.

На теренот има пожарникари кои отстрануваат оџаци од одредени куќи и згради затоа што постои опасност од нивно уривање.

Во меѓувреме хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ пристигнаа во Сисак, придружувани од министерот за здравство Вили Берош.

– Дојдовме да ги поддржиме нашите сограѓани во Петриња и Сисак. Каква што беше годината, така и заврши. Земјотресот беше во исто време како оној во Загреб. Хрватската војска е во Петриња да помогне во расчистувањето. Има поголеми штети во Петриња. – За среќа, тука нема голема штета, рече ПЛенковиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик