Идентификуван бомбашот од Нешвил

Од:

Безбедносните служби на САД го идентификуваа бомбашот кој ја активира експлозивната направа поставена во кампинг возило во центарот на Нешвил, Тенеси – се работи за Ентони Варнер (67) кој загинал во инцидентот.

Експлозијата одекна во раните утрински часови на Божик, при што беа уништени повеќе објекти, тројца случајни минувачи беа повредени.

Истражителите ги споредија човечките останки најдени на местото на настанот со ДНК примерок од Вернер, потврдувајќи ја верзијата дека тој се кренал во воздух со бомба поставена во неговто кампинг комбе.

Безбедносните органи сега го утврдуваат мотивот.

Возилото што експлодира во петокот било поставено покрај базна станица на мобилен оператор, со што интернет и мобилните врски во центарот на Нешвил уште се прекинати или ослабени.

Американските весници пренесуваат изјави од соседи и роднини кои го опишуваат Вернер како повлечен и осамен човек кој претходно работел како компјутерски специјалист.

Полицијата во петокот рано изутрина одговори на дојави за пукотници во близина на паркирано кампинг комбе на Втора авенија-север, од возилото ечел глас преку разглас со порака за поставена бомба. Експлозијата одекна во неколку блока, кршејќи прозори и уништивајќи фасади, неколку автомобили се запалија, делумно се урна и една зграда.

Според службите, ако комбето експлодирало во текот на денот, а не во раните утрински часови, и без предупредување, со што полицијата имаше време да го расчисти теренот, тогаш последиците би биле трагични, со многу жртви. Вака, покрај разнесениот бомбаш, беа повредени само тројца случајни минувачи, а полесно беа повреднеини и тројца полицајци.

Би можело да ве интересира

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

А1он

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски