На локалитетот Плаошник во Охрид од вчера за влез се наплаќа по 100 денари. На оваа регираат и туристите и туристичките водичи. Велат дека во цената за Охрид не била вкалкулирана наплата за влез на Плаошник, поради што на туристите сега им се бараат доплнителни пари ако сакаат да ги видат овој културно историски локалитет.
На Плаошник ова е прва година како ќе се наплаќа за влез. Туристички водиичи од Охрид за А1 велат дека никаде во светот не се наплаќа за посета на активна црква, и оти ова ќе биде единствен таков случај
„Бевме изненадени кога на Плаошник ни побараа 100 денари за влез.Не смее да се наплаќа за влез во активна црква. Од искуството кое го имаме во светот, дали е во прашање Нотердам во Париз,најголемата базилика во Рим Свети Петар,или Свети Марко во Венеција не се наплаќа.
– Се наплаќаат само одредени сегменти , мозаици или музеи но влезовите се секогаш бесплатни. Влезници за Плаошник е најдобро да се наплаќаат кога целиот комплекс ќе биде готов, но сега не гледам причина зошто да се наплати влезница“, вели еден туристиччка водич од Охрид.
Туристичките водичи велат дека сега после ова тешко ќе им биде да им се објасни на туристите зошто Плаошник нема да бидат во можност да го посетат бидејќи во аранжманите кои се платени не е вкалкулирана карта за Плаошник.
Директроката на Музејот во Охрид, Тања Паскали Бунташевска рече дека била изненадена што од вчера почнало да се наплаќа на Плаошник иако биле во преговори со Тимотеј тоа да почне да се реализира наскоро
„Направиме барака но не знаев дека почнал да наплаќа.Требаше да се договориме од кога да почне со наплата.На Плаошник има и археолошки локалитет, а секаде во светот каде има археолошки локалитет и каде истите се презентирани се наплаќа“, рече Паскали.
Мики Трајковски