Кривична пријава за кумановец, организирал семејна веселба и пукал со оружје

Од:

Едно дваесет и петгодишно лице од Лопате добило кривична пријава бидејќи организирало семејна веселба и пукало со оружје, информира МВР.

-На 26.12.2020 во СВР Куманово било пријавено дека 25-годишниот В.Б. во својата семејна куќа во село Лопате, кумановско, организирал семејна веселба и пукал со оружје. Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури, се вели во соопштението од МВР.

Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 и „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ, од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба