Растурена забава во скопска викендица, уапсени 29 лица и пронајдена дрога

Од:

Полицијата вчера растури забава во викендица во скопско Волково. Приведени се 29 лица, меѓу кои ди-џејот и сопственикот на објектот. Сите биле однесени во полициска станица, поради сомневање дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Полицајците постапувале по претходни оперативни сознанија.

„При претрес кај ди џејот била пронајдена и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР

Ова е втора забава во изминативе два дена која е прекината од полицијата. Во петокот, во стан во Скопје беа уапсени 13 лица кои биле фатени како слават, спротивно на забраните од Владата. И овде беа пронајдени поголема количина дрога, пакувања кокаин, марихуана, екстази, амфетамини и друга дрога.

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, Владата забрани собирања и групирања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави зајакнати контроли во идниот период.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба