Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваме од битката, не смее да има за Макпетрол, а да нема за народот

Од:

Со реплики и контрареплики до раните утриснки часови во собраниската сала пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го спречат носењето на законот за решавање на спорот помеѓу Владата и АД Макпетрол со кој се предвидува да се признае негова сопственост од 50% и да му се исплатат 33 милиони евра. 39 дискутанти од опозицијата говореа против предложениот закон кој според нив е против основните начела на правото. Опозицијата порачува дека не се откажува и нема да дозволи да помине законот.

Меѓу нив пратеникот Игор Јанушев порача:

„6:45 часот во Собранието на Република Македонија … пленарната седница за криминално-рекетарската влада на Заев и СДССМ со “закон” да му исплатат 33 милиони € на Макпетрол (Телма) се уште во тек … повеќе од 20 часа непрекинато! А, ви кажав – се лажете дека може на “кондиција да не фатите”!, нашиша Јанушев на својот Фејсбук профил.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат претседателот на Собранието да стави вето на законот , доколу тој се изгласа. Пратеничкта Дафина Стојановска порача дека ќе има уште вакви битки и дека победата ќе ја извојуваат тие за доброто на граѓаните.

„Нема одмор…Продолжуваме со подготовки за следната битка. Бидејќи, “демократите”на власт денес за денес закажаа нови две седници. Нема проблем, предизвикот се прифаќа.

Се гледаме подоцна“, вели Стојановска.

Во групата рекации на социјните мрежи се придружи и пратеникот Бојан Стојаноски кој порача дека нема да дозволат да има пари за Макпетрол, а да нема за народот.

„Маратонска седница од 20 часа и борба без престан.Сеуште сме тука и не им дозволуваме да им помине КРАЖБАТА од 33 милиони евра. Доста е од богатење на олигарси. Не смее да има за Макпетрол, а да нема за народот. Ова ги чека за секој обид незаконски да украдат од народот“, порача пратеникот Стојаноски.

Законот сепак не беше изгласан бидејќи не беа присутни доволен број на пратеници од мнозинството. Собранието денеска во попладневните часови ќе одржи две седници, но она на чиј дневен ред е овој Предлог-закон дополнително ќе биде закажана.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски