ССМ: Уште седум дена за исплата на К-15

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги потсети работодавачите дека имаат уште седум дена за исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15.

– Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962,00 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2,се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор, се наведува во соопштението.

Право на исплата на К-15, како што посочуваат од ССМ, имаат и оние работници кои биле отсутни од работа поради боледување, вклучително и отсуство поради Ковид-19, како и работниците кои користат платено отуство.

– Апелираме работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците, и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодаваачите на штета на рабониците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот, нагласуваат од ССМ.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка