Тројца обвинети за местење фудбалски натпревари во БиХ

Од:

Високорангиран претставник на Фудбалскиот сојуз на Федерацијата на БиХ и двајца фудбалски судии кривично ќе одговараат поради местење натпревари и примање поткуп, официјално е соопштено денеска во Сараево.

Обвинети се Владимир Доминковиќ (53), претседател на Одборот за судии и делегирање на Фудбалскиот сојуз на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ), како и Илија Живковиќ (39) и Кенан Бајрактаревиќ (36), и двајцата фудбалски судии и членови на ФБиХ.

Како што соопшти Обвинителство на БиХ, Доминиковиќ во својство на овластен претставник ги делегирал Живковиќ и Бајрактаревиќ за главни судии на одредени натпревари со цел двајцата да влијаат на крајниот резултат.

Тројцата обвинети, потоа, од раководства и претседатели на фудбалски клубови во земјата барале и примале поткуп во износ од 100.000 до 200.000 денари по натпревар.

Незаконски стекнатите средства тројцата ги делеле меѓусебе, а досега се потврдени најмалку два случаја на примање поткуп за влијание врз конечниот исход на натпреварите.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра