Протерани петмина албански државјани што илегално влегле во Македонија од Грција

Од:

Полицајци од „Богородица“ вчера ги привеле албанските државјани Т.Л. (46), Ч.Е. (33), П.Е. (36), Ш.Е. (33) и Б.А. (40), поради непочитување на член 9 став 1 од Закон за гранична контрола, односно за илегален премин на државната граница.

Од МВР денеска соопштија дека пријавените на 23.12.2020 во раните утрински часови, во близина на село Ума ја преминале државната граница од Грција во земјава надвор од граничен премин, а на место викано „Ѓубриште“, по претходен договор со лице од Гевгелија, пријавените Т.Л., Ч.Е. и П.Е. се качиле во патничко возило „Опел Вектра“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Ф. од Гевгелија, кој за сума од по 100 евра требало да ги однесе до граничниот премин „Ќафасан“.

Но, при контрола од полициски службеници од Полициска станица „Богородица“, кај место викано „Фарма“, во близина на Гевгелија, истите биле затекнати во возилото. Пријавените Ш.Е. и Б.А., пак, се качиле во патничко возило „Ауди“, со бугарски национални ознаки, управувано од З.К. од Гевгелија, кој за сума од по 60 евра требало да ги превезе до Гевгелија.

Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, се наведува во соопштението, поднесе барање за поведување постапка против пријавените, а од судијата во Основен Суд во Гевгелија на пријавените им се изречени глоби и санкција „протерување на странец од територијата на РС Македонија“.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци