Азербејџанското Министерство за одбрана најави постепена демобилизација на силите во Нагорно Карабах.
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев на 1 декември нареди делумна демобилизација на силите.
Според неговата наредба војниците кои имаат три или повеќе деца или се грижат за лице со инвалидитет или за малолетни роднини први ќе бидат демобилизирани.
Со наредбата се опфатени и војниците кои се единци, тие кои останале без татко, браќа и други блиски роднини за време на судирот во Нагорно Карабах, како и повредените војници.
Претседателот на Русија и на Азербејџан, Владимир Путин и Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан на 9 ноември потпишаа договор за прекин на огнот во Нагорно Карабах.