Нова специјална полициска единица ќе брка мигранти по словенечките автопатишта

Од:

На почетокот на 2021 година во Словенија ќе почне да работи специјален полициски оддел, одговорен исклучиво за автопатиштата, за откривање прекршоци и кривични дела во сообраќајот, но и за илегалната миграција.

– Таканаречената „автопатна“ полиција ќе почне со работа во првите месеци од 2021 година, изјави министерот за транспорт Алеш Хојс по потпишувањето на договорот за соработка за воспоставување ваква полиција со министерот за инфраструктура Јернеј Вртовац и Валентин Хајдињак, директор на ДАРС, државната компанија што управува со автопатиштата.

Во овие полициски сили ќе бидат примени и полициски регрути, а седиштето ќе биде во Постојна.

– Првата цел за воспоставување ваква полиција е поголема безбедност на поголемите сообраќајни правци, поголем ред и помалку смртни случаи во несреќите, рече министерот.

Фокусот е насочен кон намалување на бројот на казнени сообраќајни дела и обезбедување подобра истрага за кривично дело и гонење на сторителите.

Според началникот на словенечката полиција Андреј Јуриќ, во последната фаза, автопатната полиција треба да спречи илегална миграција.

Нејзиниот развој се очекува да биде постепен во текот на неколку години, кога, според плановите на словенечкото Министерство за внатрешни работи, би се зголемил на околу 170 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски