Полицијата во Велес го лишила од слобода 23-годишниот Р.С., постапувајќи по претходна пријава на 20-годишниот С.С. од Велес, соопшто МВР.
Според пријавата, вчеравечер околу 18.00 часот, додека одел накај обложувалница на улицата „Благој Ѓорев“ С.С. бил физички нападнат од Р.С.,при што му бил одземен мобилниот телефон.
Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.