Десет големи компании доставиле понуди за „Чебрен“

Од:

Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото доставија понуди за проектот „Чебрен“ во фазата на претквалификација. Има компании од Грција, Турција, Шпанија, Франција, Австрија, Италија и Кина.

Меѓу компаниите кои поднеле понуди се Конзорциум „PPC-Archirodon“ од Грција, Конзорциум Enka-Colin“ од Турција, „EDF“ од Франција, Конзорциум „Cobra-Cobra Hidraulika“ од Шпанија, Конзорциум „Evn – Verbund“ од Австрија, „Webuild Spa Italija“ од Италија, „Gezhouba group“ од Кина, „Power Construction Corporation“ од Кина, Конзорциум „Ozaltin Yapi Merkezi“ од Турција и Конзорциум „Eiffage – Waterlu-Andritz-Norconsult“ од Франција и Австрија.

Од Владата денеска информираа дека следува период на евалуација на пристигнатите апликации за да се утврди дали тие ги исполнуваат условите од тендерската документација.

– Квалификуваните понудувачи ќе бидат поканети во втората фаза, во која ќе можат да достават комплетни понуди за проектот и за нивно учество во јавно-приватно партнерство со АД Електрани на Северна Македонија за изградба на овој капитален енергетски објект, се вели во соопштението од Владата.

Преку АД ЕСМ ќе биде ангажиран трансакциски советник кој ќе треба да ја изработи тендерската документација за втората фаза, со цел успешна реализација на проектот.

– За проектот Чебрен се правени бројни обиди наназад низ годините да се изгради оваа голема хидроелектрана, но проектот до денес не успеа да се спроведе. Оваа Влада направи сериозни напори и подготовки одново да го стартува проектот и овој пат да се реализира успешно, велат од Владата.

„Чебрен“ се планира да се гради по принципот на јавно-приватно партнерство во кое ЕСМ ќе биде партнер во име на државата. Инвестициската вредност се проценува минимум 500 – 600 милиони евра. Хидроелектраната ќе има инсталирана моќност од 333-458 мегавати, за годишно производство од 1000 до 1200 гигават часови електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада