Во Франција убиени тројца полицајци во обид да спасат жена од семејно насилство

Од:

Возрасен маж рано утринава застрелал тројца полицајци во едно француско село, додека четвртиот го ранил, соооштија денеска француските медиуми, повикувајќи се на јавното обвинителство од Клермон-Феран, пренесе ДПА.

Жандармите биле смртно застрелани кога во раните утрински часови се обиделе да спасат жена која се засолнила на покривот од семејната куќа, додава агенцијата.

Убиецот (48) ја запалил својата куќа во централниот француски дел Пуј-де-Дом, јавуваат француските медиуми.

Пожарникарите наводно се обидувале да го изгаснат пожарот.

Жената е спасен и безбедна, соопшти обвинителството.

Засега не е познато дали и убиецот е уапсен. Тој и во минатото го привлекувал внимание врз себе поради и9нциденти околу спор за старателство што го имал со децата, наведува обвинителството.

Полицијата соопштува дека нивната акција во префектурата Пуј-де-Дом е поврзана со „семејно насилство“, пренесе ДПА.

Четвртиот , повреден, полицаец бил пренесен во болница.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата