„Мини Шенгенот“ е предавство на српските интереси, велат националистите од Двери

Од:

Српското опозициско движење Двери оцени дека „мини Шенген“ за кој зборуваат српските власти е „антидемократски чин“ и „предавство на националниот интерес“.

Лидерот на таа партија, Бошко Обрадовиќ, на прес-конференцијата изјави дека е потребно граѓаните на референдум да се изјаснат дали се за мини-Шенген.

-Владата ја наметнува идејата за „Мини Шенген “, која не може да се третира поинаку како албански „Мини Шенген“, бидејќи соработката првенствено им е понудена на Албанија, Северна Македонија, лажната држава Косово, што е територија на која Албанците претендираат да формираат голема Албанија, кажа Обрадовиќ.

Според него, Двери осмислиле „српски мини-Шенген“ во кој ќе бидат вклучени Република Српска и Црна Гора, бидејќи тоа е „единствен српски простор и свет“ и дека во таа смисла, секоја форма на соработка со тие земји е добредојдена.

Потпретседателката на Двери, Тамара Миленковиќ-Керковиќ оцени дека „Мини Шенген“ е алтернатива на она што Србија никогаш го немала, а тоа е „сигурен влез во Европската унија“ и дека движењето Двери не се противи на интеграциите, но дека тие мора да бидат од корист и за добро на српскиот народ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ