Францускиот министер за земјоделство ги повикува сонародниците да покажат „гастрономски патриотизам“

Од:

Францускиот министер за земјоделие, Жулиан Денорманди, ги повикува потрошувачите да купуваат свежи и локални производи и да покажат „гастрономски патриотизам“.

Два дена пред Бадник, министерот за земјоделство, Жулиен Денорманди, утринава испрати апел за „гастрономски патриотизам“. Гостувајќи во емисија на радиото Франс Интер министерот го повтори повикот до Французите да јадат локални и свежи производи со што ќе го поддржат француското земјоделство.

-Тоа сигурно не е доволно, призна тој, пред да повтори неколку пати дека апелира за ваков „потрошувачки гастрономски патриотизам“.

Со затворањето на рестораните поврзани со кризата со Ковид-19, многу земјоделски сектори страдаат.

-Ние се обидуваме да ја донесеме вистинската помош на вистинските места. Помош во милијарда евра за француското земјоделство, рече тој. „За винскиот сектор, на пример, тоа е повеќе од 250 милиони евра“, додаде тој.

Секторот за паштети од гоени гуски и патки, што веќе е во криза, се наоѓа под двојно влијание на птичјиот грип. Според министерот, девет фарми се погодени од птичјиот грип.

-Птичјиот грип не се пренесува на луѓето, не постои ризик од консумирање јајца, месо од патка или пилешко, нагласи министерот за земјоделство.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата