Ампева: Работничка од Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење права во корона-криза

Од:

Работничка од приватен сектор во Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата, соопшти Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип.

Забележува дека за време на оваа здравствено – економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази утринава ја добила позитивната вест.

-Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито, вели Ампева.

Посочи дека работничката, која одобрила да се објави информацијата е со цел да се охрабрат работниците, доколку се повредени нивните работнички права и да бидат одлучни и упорни во нивното остварување.

– Да се обратите до соодветните институции, како и до „Гласен текстилец“ кој секогаш е на страната на работниците и секогаш достапен да даде помош и соодветно да ве упати при остварувањето на работничките права. Правдата е достижна, само е потребно храброст, одлучност и упорност, порача Ампева.

Би можело да ве интересира

Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници

А1он

Ампева: Основан е нов синдикат „Гласен Синдикат за работниците“

„Гласен Текстилец“ има примено над 2.000 преставки за исплата или неисплата на К-15

„Гласен Текстилец”: Носењето на измените на Законот за работни односи пораз за работниците, синдикатите и за нас како организација

Ана Ололовска

„Гласен Текстилец“: Предлог-измените во Законот за работни односи на штета на работниците

Горан Наумовски

„Гласен текстилец“ ќе го оспори Законот за недела неработен ден

Ана Ололовска