ВИДЕО: Турам помладиот плукна противнички играч, ќе „одмори“ пет натпревари

Од:

Суспензија од пет натпревари му е изречена на фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, поради плукање противнички играч, соопшти попладнево Германската фудбалска асоцијација.

Французинот на мечот од Бундеслигата против Хофенхајм, во саботата, го плукна в лице противничкиот играч Стефан Пош, по што беше исклучен и критикуван од своите соиграчи и тренерот на Менхенгладбах.

Максималната казна, како што е образложено, може да изнесува шест натпревари, доколку Турам го повтори истиот прекршок во рок од една година.

Маркус Турам, кој е син на поранешниот француски репрезентативец Лилиан Турам, е казнет и со 40.000 евра, додека неговиот матичен клуб претходно, исто така, му изрече парична казна во висина од една плата, а парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Турам подоцна се извини за инцидентот, но рече дека „случајно“ го плукнал противникот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ