Охридската болница цела недела без томограф откако единствениот откажал од дотраеност

Од:

Охридската општа болница веќе една седмица нема компјутерски томограф, кој е надвор од употреба поради истрошеност на рендген-цевката.

Од управата на здравствената установа појаснуваат дека се работи за дотраеност на апаратот, односно дека ситуацијата е последица на енормниот број направени снимања.

Директорот на болницата, Горан Балевски вели дека месечно во установата се правени и по 600 снимања, што довело до предвремено трошење на цевката што е ресурс со ограничен капацитет.

– Покрај пациенти од Охрид еден период тука доаѓаа и пациенти од целиот регион, дури и од Битола, бидејќи едно време го покривавме и тој регион поради дефект на тамошниот томограф, а истовремено вон употреба беше и томографот во болницата „Св. Еразмо“. За десет месеци направени се 17 илјади снимања што требаше да се направат во период од две години. Едноставно предвреме се потроши рендген цевката, вели Балевски.

Станува збор за релативно скап дел чија вредност е некаде над 100 илјади евра. За проблемот е известено ресорното Министерство за здравство, со очекување дека наскоро ќе се најде решение, дали преку сервис на постојниот или набавка на нов апарат.

Додека не биде изнајдено решение за проблемот, пациентите од Охрид кои имаат потреба од тој вид снимање се упатуваат во болницата во Струга.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум