Над 2.600 граѓани поминале преку Табановце во првите 15 часа од денот

Од:

Од полноќ до 15 часот на Граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, информираше денеска МВР.

Во овој период, пак, од земјата излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјанин. Вкупно на ГП Табаноце поминале 2.608 лица, од нив 1.763 домашни и 845 странски државјани.

Од денеска за влез во соседна Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија, потсетуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

На граничните премини „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минтути до еден час

На „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час

Тошковски и Дачиќ: Има решение за метежот на граничниот премин во летната сезона

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

На „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути

На „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути