АНАЛИЗА: Граѓаните и фирмите кренаа „рачна“ – намалена побарувачка за кредити!

Од:

Речиси двојно е намален бројот на банки кои на крајот на третиот квартал во споредба со вториот, укажеле дека побарувачката за корпоративни кредити е намалена. Расте бројот на банкари кои сметаат дека монетарната политика незначително влијае врз одредување на каматите за кредтите, пишува “Порталб“.Ваквите трендови регистрирани во најновата Анкета за кредитна активност, пред се се последица на економската криза поради Ковид 19.

Банкарите очекуваа зголемена побарувачка на кредити – се случи спротивното!

„Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за ноември покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, во рамките на очекувањата согласно со октомвриската проекција“ – ова го заклучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на финалето од оваа економска година. Во очекување на новите податоци за монетарните движења во ноември, последите упатуваат на раст и кај кредитирањето и кај штедењето, но со стапки кои укажуваат на воздржаност од побарувачка за кредити.

Банкарите во третиот квартал очекуваа зголемена побарувачка на кредити – но последната анкета покажува дека нивните очекувања и оценки не се остварени како што очекувале. Во споредба со вториот кавртал речиси значајно е зголемен бројот на банкари кои укажале на намалена побарувачка на кредити.

„Околу 59% од банките укажуваат на намалување на кредитната побарувачката (38% во претходната анкета). Околу 17% од банките, пак, укажуваат на зголемување на побарувачката за корпоративните кредити, наспроти повисокиот процент во претходната анкета (35%). Нето-намалувањето на побарувачката во третиот квартал е спротивно од очекувањата на банките од претходната анкета за нето-зголемување на побарувачката“ – се наведува во Анкетата на Народната Банка.

Економската неизвесност, стравот од губење на работните места, воздражноста од тршење го забави и кредитирањето на населението. Сепак, во споредба со вториот квартал, намален е борјот на банкари кои укажуваат на забавена кредитна активност на граѓаните.

„Зголемување е забележано кај процентот на банките коишто укажуваат на зголемување на побарувачката, и тоа од околу 9% во претходната анкета, на околу 36% во оваа анкета. Од аспект на поединечните типови кредити, побарувачката за станбените и останатите кредити забележа послабо нето-намалување, во споредба со претходниот квартал, додека кај потрошувачките кредити банките укажале на мало нето-зголемување“ – се наведува во анкетниот извештај.

Очекувања и каматни стапки…

До крајот на оваа економска година, особено во последниот квартал, банкарите очекуваат зголемена побарувачка на кредити и од фирмите и од граѓаните, но во исто време се зголемува бројот на банкари кои изјавиле дека условите за кредитирање ќе останат непроменети, а се намалува бројот на банки кои очекуваат олеснување на условите за одборување на кредити.

Дали последното тромесечје од оваа тешка економска криза ќе ги потврди очекувањата на банкарите дека значително ќе се зголеми кредитната активност?

„Во четвртиот квартал, банките очекуваат нето-зголемување на побарувачката на кредити од страна на домаќинствата и нето-зголемување на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата, поизразено во однос на очекувањата дадени во претходната анкета“ – се наведува во извештајот.

Во периодот што измина каматните стапки на кредитите беа со тренд на намалување, но послабо во однос на очекувањата. Кај станбените кредити, и натаму се забележува нето-олеснување на провизиите. Што се однесува до потрошувачките кредити, кај останатите кредитни услови се забележува мало нето-олеснување кое следува по заострувањето во вториот квартал.

При одобрување на кредити, за банкарите како „исклучително важни“ фактори се примањата, односно висината на платата, бонитетот на клиентот, вредноста на хипотеката. Со засилувањето на пандемијата и последиците од економската криза – од март се забалежува тренд на пораст на каматите за кредитите. Така, во октомври каматите на новоодобрените кредити за население изнесувале 4,49%, а за новоодобрените кредити за фирмите 4,04%.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска