Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски најави дека според планираната динамика изградбата на железничкиот Коридор 8, на патниот правец Куманово-Бељаковце, треба да започне во февруари или март до година.
„Во тек се преговори со Европската Банка за обнова и развој, од каде се планира годинава да се обезбедат финансиски средства во висина од 46,4 милиони евра и градбата на делницата Куманово-Бељаковце да започне во текот на 2013 година и да заврши најдоцна во 2017 година“, изјави Јанакиески.
Одобрени се грант средства од инструментот WBIF за избор на консултанти кои ќе вршат надзор на делницата Куманово-Бељаковце во износ од 2,5 милиони евра.
Европската Банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, рече канакиески, како предуслов за идн задолжувања, заради изградба на Коридорот 8 во дел на железничката инфраструктура, побарале да се раскинат договорите кои ЈП Македонски железници Инфраструктура , ги имаа склучено со градежните компании. Затоа до Собраниетот е доставен закон за престанување на важењето на Законот за обезбедување средства за финансирање на програмата за изградба на железничка пруга, кој е донесен во 1994 година кога на големо се најавуваше изградбата на Коридорот 8.
Во однос на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, рече Јанакиески од Европската инвестициска банка имаат добиено писмо во кое се вели дека ќе влезат во реализација на овој проект, за кој се потребни 145 милиони евра за градежни работи.
– Според планираната динамика градбата би започнала најдоцна во 2015 година, а би завршила во 2020 година, истакна тој.
Делот од Крива Паланка до Деве Баир, кој, е најжок и најскап.
Тој најави дека пругата кон Бугарија би требало да биде завршена во 2020 година.