14-дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, предлага Комисијата за заразни болести

Од:

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

– Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб,а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна, велат од Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението на МЗ, Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Екстремно топло, продолжуваат мерките за заштита од жештините

Катерина Ѓуровски

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on