Италијанските власти соопштија дека го откриле првиот случај на инфекција со новиот вид на коронавирус, кој се појави во Велика Британија.
Министерството за здравство вчера вечер изјави дека пациентот неодамна се вратил од Велика Британија со авион и додаде дека сите што биле во контакт со него, се во изолација.
Пациентот е во воената болница во Рим.
Претходно, италијанските власти соопштија дека ќе ги прекинат воздушните врски со Велика Британија. Неколку европски земји одлучија да ги прекинат воздушните и другите врски со Велика Британија.
Светската здравствена организација објави дека новиот вид на коронавирус е регистриран во Велика Британија, но исто така и во некои други земји – девет случаи во Данска и еден случај на инфекција во Холандија и Австралија.