Српскиот претседател, Александар Вуќиќ отвори уште една ковид болница во Крушевац, по само четири месеци изградба.
Во неа работа добија 126 лекари, 8 фармацевти и 507 медицински сестри, односно техничари.
Значењето од отворањето на новата ковид болница во Крушевац според српските медиуми е големо, со оглед дека на тој начин ќе се растовари здравствениот систем.
Во болницата ќе работат и искусни лекари кои се месеци се борат со коронавирусот и кои се обучени да управуваат со како што се наведува најмодерната опрема која е слична на таа што се наоѓа во новиот клинички центар во Ниш.
На интензивна нега во оваа болница во Крушевац ќе доаѓаат пациенти кои претходно ќе поминат на тријажа, односно пацинетите нема да може директно да доаѓаат од дома, туку низ системот од болниците на југот на Србија.
Претходно, на почетокот на декември, Србија ја отвори првата ковид болница во Батајница со 930 кревети.