Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е првиот во Израел кој вечерва, во медицинскиот центар на болницата „Тел Хашомер“ во Рамат Ган, близу Тел Авив, се вакцинираше против коронавирусОТ со вакцината развиена од американската компанија „Фајзер“.
Постапката за вакцинација беше спроведена во живо, пред камери, за да може премиерот да биде пример и да ја мотивира пошироката јавност да се вакцинира“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.