НАТО ги проверува компјутерските системи по хакерскиот напад на САД

Од:

НАТО денеска соопшти дека ги проверува компјутерските системи по големиот хакерски напад врз американските владини агенции, за кој Вашингтон ја обвини Москва.

– Во овој момент не се пронајдени докази за компромитирање на ниту една мрежа на НАТО. Нашите експерти продолжуваат да ја проценуваат ситуацијата со цел идентификување и ублажување на сите потенцијални ризици за нашите мрежи, изјави претставник на НАТО

Мајкрософт во четвртокот соопшти дека антивирусен софтвер открил упади во десетици мрежни системи, повеќето од нив во САД, преку софтвер обезбеден од американската технолошка компанија „СоларВиндс“. Портпарол на НАТО рече дека Алијансата, користи софтвер SolarWinds во некои свои системи.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека „може сосема јасно да се каже дека Русите беа вклучени во оваа активност“. Русија негираше вмешаност.

SolarWinds вели дека до 18.000 клиенти, вклучително и владини агенции и компании од Fortune 500, презеле компромитирани ажурирања на софтвер, дозволувајќи им на хакерите да ја шпионираат размената на е-пошта.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија