Кога во еден филм ќе ја имате Софија Вергара која пука од „убиствен“ градник и кога Чарли Шин, односно Карлос Естевес, ќе ја толкува улогата на претседателот на САД, тогаш сигурно е на повидок голем филмски хит.
Овој рецепт за хит го примени Роберт Родригез во продолжението на својот популарен филм „Мачета“.
За да биде посигурен во успешноста, Родригез во новото продолжение на филмот ги ангажираше злобниот Дени Трехо, лудиот Мел Гипсон и ултра популарната Лејди Гага.
Сето ова прави продолението наречено „Мачетата убива“ да биде филм што не треба да се пропушти.
Премиерата на филмот се очекува кон крајот на годината.