Роверот Кјуриозити на НАСА го потврди она во што веќе долго време се сомневаше науката – дека астронаутите кои ќе одат во мисија на Марс ќе добијат голема доза на радијација, јавува Би-Би-Си.
Роботот го пресметува бројот на високо-енергетските честички на просторот, кои удираат на своето осуммесечно патување до планетата.
Врз основа на овие податоци, научниците велат дека човечкото патување до и од Марс може да значи дека ќе се изложат на доза на зрачење кое ги надминува сегашните безбедносни граници.
Оваа пресметка дури не го вклучува времето поминато на површината на планетата.
Кога времето посветено за истражување на планетата се земе во предвид, дозата се зголемува и понатаму се повеќе.
Ова ќе ги зголеми шансите за развој на фатален рак многу повеќе од она што во моментов се смета за прифатливо за кариера на астронаут.