Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска ја прими вакцината против коронавирусот, и тоа јавно, во директен телевизиски пренос од Белата куќа.
-Не почувствував ништо, рече Пенс кратко по примањето на вакцината. „Добро направено“, додаде потпретседателот, пренесе „Њујорк Тајмс“.
Вакцината ја прими и неговата сопруга, Карен Пенс.
На чинот на вакцинирањето на потпретседателот присуствуваа првите луѓе на американскиот здравствен систем: Ентони Фаучи, националниот експерт за инфективни болести, Роберт Редфилд, директор на Центрите за контрола и превенција на болести и Сима Верма, администратор на Центарот за медицинска нега и услуги.
Настанот се оддржа во извршната деловна зграда Ајзенхауер, каде што лекарите од Националниот воено-медицински центар „Валтер“ Рид ја даваа вакцината.
Новоизбраниот претседател Џо Бајден, исто така на јавен настан, вакцината ќе треба да ја прими следната недела.
Актуелниот претседател Доналд Трамп не го промовираше настанот на Пенс, а на околу една минута пред почетокот на преносот, на Твитер тој напиша „руската измама станува уште поголема лага!“, пренесуваат британските медиуми.