Украина купува турски дронови и бродови за да ја засили одбраната

Од:

Украина планира да купи уште турски беспилотни летала (УАВ), како и турски воени бродови од типот корвета, со цел да ја зајакне својата морнарица во Црно и Азовско Море, соопшти денеска турското Претседателство на наменската индустрија (ССБ).

Набавката е предвидена со новопотпишаните договори помеѓу Киев и Анкара.

– Соработката во одбраната помеѓу Турција и Украина продолжува да се интензивира, објави ССБ на Твитер.

Киев планира да купи корвети произведени по турскиот проект МИЛГЕН (Национален брод), што беше покренат во 2000 година.

Корветата од класата Ада може да извршува одредување, лоцирање, идентификација и уништување на мети во воздух, на копно или под вода. Турција е една од десетте земји во светот, што произведува, дизајнира и одржува воени бродови.

Украина минатата година порача шест вооружени дронови Бајрактар ТБ2 и три системи за копнена контрола од Турција.

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск