Министерот Хоџа очекува решение од денешната средба со тутунарите и откупувачите

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа очекува решение и позитивен исход од денешниот состанок со тутунарите и откупувачите закажан за 15 часот.

Хоџа оцени дека во однос на откупот има две вистини.

-Треба да ја најдеме средината на една вистина и мислам дека ќе има поместување, изјави Хоџа по промоцијата на велосипедско-пешачката патека од село Ваташа до Моклиште во Општина Кавадарци.

Министерот повтори дека има огромно разбирање за барањата на производителите, но воедно потсети и дека им ги посочил своите забелешки за нивниот пристап при предавањето на тутунот.

-Не би сакал пред состанокот да го кажувам тоа што имам намера да го кажам на состанокот со тутунарите и откупувачите, да давам дополнителни изјави кои би можеле да се преиначат на друг начин. Можам да кажам една работа, дека имавме договор од петокот дека до денеска треба да направиме пресек како се одвива откупот, но бидејќи во понеделникот откупот лошо почна од страна на откупувачите, ние повторно на состанокот со производителите во вторникот одлучивме паралелно да тече откупот за да имаме пресек и да знаеме како точно се одвива, а тие да ги продолжат протестите. Очекувам денеска дека ќе имаме некакво решение како треба да се одвива целиот процес, очекуваме позитивни резултати, но не би сакал од сега да прејудуцирам бидејќи во 15 часот треба да се видиме и не би било. Во секој случај, очекувам добар состонок од кој ќе произлезат заклучоци што понатаму, напомена Хоџа.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

(ВИДЕО) Талески: Власта одби 100 денари линеарна субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие