Демократски сојуз: Го поддржуваме принципиелниот став на Чешка и Словачка

Од:

Демократскиот сојуз искажува задоволство од искрениот и принципиелниот став на Чешка и Словачка, кои спречија ЕУ директно да се вмеша во историјата и да им овозможи Бугарија да ја редефинира и обликува истата според нивните потреби, користејќи го ветото и спречувајќи Македонија да продолжи по евроинтеграцискиот пат.

„Македонија многу поодамна ги исполнува критериумите за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија при што долго чекаше и чека пред вратите на ЕУ, заради наводно историски прашања, името на државата, јазикот, посебноста на народот и други прашања кои ги отворија соседните држави Грција и Бугарија.

Македонија освен што направи реформи во многу области, го смени Уставот, знамето и името на државата.

Затоа Демократскиот сојуз ја повикува Европската Унија да опстои на основните принципи, да ги почитува различностите и без било какви условувања да ги отвори вратите за членство на Македонија во ЕУ“, соопштува Демократскиот сојуз.

„Ние со Бугарија, сакаме да имаме добри и развиени политички и економски односи, а за отворените прашања подготвени сме да разговараме отворено, аргументирано и во пријателски дух.

Сме за отворени граници и слободно движење на капиталот, луѓето и идеите. Немаме никакви резерви и предрасуди, ние сме Македонци, зборуваме на наш автентичен Македонски јазик, тие се Бугари и зборуваат на Бугарски јазик, нашата држава е Македонија, а нивната Бугарија.

Треба сите да преземеме дел од одговорноста за демократскиот развој и просперитет на Балканот.

Непринципиелните заклучоци и блокади, можат да ја нарушат безбедноста и стабилноста на Балканот и пошироко“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски