Догодина социјални станови за 16 семејства во Демир Капија, вкупно се градат 579

Од:

До крајот на наредната година треба да заврши изградбата на социјалната зграда во Демир Капија со која ќе се реши станбеното прашање на 16 семејства од ранливите категории граѓани. Активностите на зградата со површина од 1000 метри квадратни, според надлежните, не се запрени и покрај ковид кризата.

Преку Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во државава се градат вкупно 579 социјални станови, а за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски за следната година се одвоени 130 милиони денари.

-Ова претставува грижа на Владата заедно во координација со АД за стопанисување со станбен и деловен простор и со Општина Демир Капија за решавање на проблемите на граѓаните, поддршка и помош на оние на кои им е најпотребо да имаат свој кров на глава, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по увидот на активностите на терен.

Тој информираше дека е во тек изградба на 579 станови за социјално ранливи категории граѓани во повеќе градови низ државата.

Задоволен е плановите на АД за иден развој на инфраструктура во овој дел, што се прави во координација со општините кои ги дават параметри за потребите.

– Оваа координација ќе продолжи и наредната година во нашиот буџет имаме предвдиено над 130 милиони денари за реализација на ваков тип објекти. Во 2020 година од нашиот буџет се реализирани сите средства предвидени за изградба на вакви социјални згради, што, исто така, е благодарение на проактивниот однос на АДССДП и на целиот тим што работи на овој тип објекти, рече Бочварски.

Кристијан Трајковски, директор на АДССДП појасни дека зградата во Демир Капија е најмала од овој тип прилагодена согласно потребите на општината.

Очекува до крај на годината да ги заокружат постапките за планираните активности за изградба на социјалните згради.

-Во постапка се уште неколку згради што треба да се градат. Очекувам дека во наредните неколку дена ќе склучиме договор за избор на изведувач на зграда во Сарај, исто така во Кочани, а во тек е постапката и за Пехчево и за Дебар. Очекувам до крај на годинава да ги завршиме сите постапки за згради и ќе останат можеби уште две локации за кои постапките ќе ги завршиме наредната година, рече Трајковски.

Градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров, се заблагодари за реализацијата на проектот, потенцирајќи дека со него ќе се реши станбеното прашање на 16 семејства.

-Ова е значаен инфраструктурен проект што не запре и покрај ковид крзиата и се одвива тековно. Градежните активности би требало да завршат за 10 до 11 месеци. Решавањето на станбеното прашање на сите граѓани е многу важно, потенцираше градоначалникот Петров.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он