ВМРО-ДПМНЕ: Доста Филипче и Заев продаваат демагогија, не може граѓаните да ги затвораат, а Костадинов и Николов да прават корона забави

Од:

„Доста Венко Филипче и Зоран Заев продаваат демагогија, не може граѓаните да ги затвораат, а Костадин Костадинов и Сашко Николов да прават корона забави во рестораните кои работат само за нив.

Десетти месец од корона вирусот во Македонија и според статистиката на министерството за здравство 76.251 заразен и 2.225 починати, само во текот на вчерашниот ден 31 починато лице“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и Заев чекаа да поминат изборите во Штип, да ги прекршат и веќе постоечките мерки, какви такви, а дури денес стартуваат некои нови мерки.

По ова поигрување или навреди кон граѓаните, што следи, знае ли Филипче воопшто што треба да прави?

Но, освен што нема одговори, а очигледно нема и план, од Филипче како да се намали бројот на новозаболени, како да се намали бројот на починати од корона, тој не одговара на многу други прашања зошто нема одговори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче