ВИДЕО: Крвав крај на заложничка драма кај Париз – маж си ја застрела сопругата и уште двајца луѓе, па се самоуби

Од:

Драматична ситуација со трагичен крај вечерва се случи во Франција – жител на местото Домон застрелал неколкумина луѓе, меѓу кои и сопругата која претходно ја држел како заложничка, по што си го одзел и сопствениот живот, јавуваат локалните медиуми.

Специјалната единица на Жандармеријата – ГИГН пристигнала на местото на инцидентот, на дваесетина километри северно од Париз, а се очекувало човекот, кој е идентификуван како 58-годишен сопственик на компанија, да постави некакви барања кон полицијата.

Според француските медиуми, човекот отворил оган кон неколку лица кои се наоѓале во просториите на фирмата, која ја водел заедно со својата сопруга. Двајца луѓе, чиј идентитет не се открива, се ранети и пренесени во болница. Човекот потоа ја зел сопругата како заложничка и се забарикадирал во канцеларија со неа еден час.

Специјалците влегле во зградата откако никој не одговарал на нивните повици подолго време, а таму ги нашле телата на сопружниците.

Според дел од медиумите, бизнисменот и неговата сопруга од неодамна биле во развод и среде мачна борба за поделба на заедничкиот имот, а мажот веќе имал неколку пресуди за семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата